hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Михајловски го понуди Мукаетов за претседател

Zivko Mukaetov

На редовната седница на управниот одбор на РФМ беше дискутирано на неколку теми, а една од најважните сигурно е името на новиот претседател, по најавата на Михајловски дека заминува од претседателското место. Михајло Михајловски во своето обраќање го издвои првиот човек на „Алкалоид„ Живко Мукаетов како негов кандидат за прв човек на нашиот најпопуларен спорт.

„Јас уште пред повеќе од два месеци решив да не се кандидирам, си имам расчистено за тоа со себе си. По прегледувањата на актите забележав дека досегашните собранија се одржуваат на 23 или на 24 јуни. Сепак, за доброто на македонскиот ракомет не се држев слепо на актите и сметам дека најдобро е новото Собрание да се одржи на 9 март. Според мене, најдобро е тогаш новото раководство да избере нов Управен Одбор, потоа и нов селектор. Посакувам на мое место да дојде човек што го сака спортот. Веќе разговарав со Мукаетов, кој прифати да биде наш кандидат и кој ми кажа дека би прифатил да стане претседател на РФМ, нормално ако добие најмногу гласови на собранието", рече Михајловски.

Share