hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Атлетико се разбуди, Лазаров стандардно добар

kireeee 06 02 2013

Атлетико Мадрид - Гвадалахара 35:23 (18:14)

Ракометарите на Атлетико Мадрид ја забележаа првата официјална победа во новата година, со уште една одлична партија на нашиот репрезентативец Кирил Лазаров. Имено во „Висталегре„ во Мадрид гостуваше Гвадалахара, која само едно полувреме имаше сили за достоен отпор.

Еду Фернандез и нашиот Лазаров отворија за 2:0 за екипата на Душебаев. Но набргу Кабирта и Рубио Риаза ја вратија екипата на Гвадалахара во егал ситуација, па дури и до водство од 4:5. Следеа два гола на Гарсија Парондо на истекот од 10 минута и наговестување дека тоа повторно ќе биде меч на офанзивен ракомет и многу голови. Канељас, Калман и Маркусен прават серија 4:1 за ново домашно водство од два разлика (11:9). Кабирта и Милан Рашиќ ги користат техничките грешки на мадриѓаните и во 24 минута Гвадалахара пак поведе (12:13). Но по домашниот тајм-аут, по два гола постигнаа Агинагалде и Масач и на полувреме Атлетико Мадрид собра 4 гола предност. Токму само првото полувреме беше достојниот отпор на гостинската екипа, бидејќи во продолжението како и во текот на целата сезона Атлетико играше многу подобро. Два гола на Канељас и два на Лазаров го отворија продолжението. Рубиа Риаза и Драшко Ненадиќ од контра возвратија за 22:20. Но потоа настана серија од 8:0 за домашната екипа, која мечот од неизвесен го направи одлучен. Канељас и Балиќ беа инспиратори на серијата на лесни голови на шпанскиот вицешампион, кои доведоа на неполни 10 минути до крајот резултатот да биде 32:20. Новиот бран на голови на нашиот Кирил Лазаров следеше во финишот, кога десниот бек на Атлетико Мадрид постигна уште два гола и ја направи победата супер-убедлива. Јозеф Масач со два гола од контранапади ја заврши немилосрдната серија на Атлетико Мадрид на 12 разлика, за втора победа против Гвадалахара во меч за бодови оваа сезона.

Во победничката екипа 8 гола постигна Канељас, Лазаров додаде уште 5, како и Масач. Кај Гвадалахара Рубиа Риаза најефикасен со 5 постигнати гола, а голманот Хорхе Гомез Лите собра 10 интервенции. Оваа победа не ги менува работите на врвот на табелата, бидејќи и по 16 кола заостанувањето на Атлетико Мадрид зад Барселона останува 5 бода. В недела на сцена се враќа Лигата на шампионите и гостувањето на Цеље Пивоварна Лашко во Мадрид. Нова можност за средба и дуел на големите пријатели Кирил Лазаров и Дејан Периќ.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share