hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Само Лазаров премалку за победа во Логроњо

kire 02 02 2013

Натурхаус Ла Роха - Атлетико Мадрид 31:30 (16:17)

Првото пролетно коло, европскиот вицешампион Атлетико Мадрид го дочека со два светски прваци, еден сребрен и еден бронзен ракометар од последниот мундијал. Сепак без повредениот Гојун, мораше втората половина од сезоната да ја почне на незгодното гостување во Логроњо. Николај Маркусен и Кирил Лазаров со два брзи гола го отворија резултатот (0:2). Силно мотивиран и Ивано Балиќ со слалом погоди за 1:3 во 4 минута. Но Нико Миндехиа и Алес Силва со два гола од контранапади, израмнија на 3:3. По 8 минути игра, Натурхаус прв пат поведе со двата гола на Квартеро (еден од игра и еден од седум метри). Се разбрани и голманот на домаќините Хорхе Мартинез и натпреварот стана допадлив и со високо темпо. Кирил Лазаров со својот втор гол ја прекина серијата на ракометарите од Логроњо од 0:3. Кога Јонас Калман лансиран од Шабановиќ, погоди од контра по 13 минути, резултатот гласеше 6:6. Но домашните црвено-бели беа силно мотивирани и Лопез и Тиуменцев погодија за 8:6. Мечот се одвиваше скоро идентично како полуфиналето на ASOBAL купот во Виго, кога Атлетико долго време го бркаше минималното водство на Натурхаус. Но Канељас со два гола од девет метри фаќа приклучок за 9:8 во 18 минута. Во игра на позитивни и негативни период, црномурестиот Капоте во 20 минута го враќа домашното водство (10:9). Нашиот капитен го одржуваше одличниот ритам и третиот негов гол донесе 10:10, па со четвртиот 11:11 и веднаш потоа погоди и за 12:12 во 24 минута. Но одбраната на Атлетико Мадрид без Гојун дозволуваше серија на инвидуални влезови на домаќините и првиот дел мина со голем број на постигнати голови. Сепак со третиот гол на Канељас, екипата од главниот град поведе со 13:14 во 25 минута. Парондо и Агинагалде се погрижија фаворитот со минималец да замине на одмор (16:17).

На почетокот од второто полувреме Миндехиа и Тиуменцев прават серија од три неодговорени гола за водство од 18:17 за домаќините. Маркусен и Калман со лесни голови израмнуваат на 19:19, но играта во одбрана на гостите ги исфрустрира голманите кои не одбранија скоро ништо. Надворешните напаѓачи непрекинато ја „решетаа„ мрежата на Шабановиќ. Во 37 минута Лазаров од контра го постигна својот шести гол, но почувствува болка во бутниот мускул по дуелот со Тиуменцев и му беше укажана помош. Но само половина мунута подоцна македонецот од позиција на централен бек погоди и по седми пат за 22:22. Непогрешлив беше и швеѓанецот Јонас Калман и од контранапад го врати водството на мадриѓаните (22:23). Босанскиот голман Шабановиќ одбрани зицер и два седмерци, но на истото ниво беше и Мартинез на спротивната страна. Третиот гол на Гарсија Парондо го прекина постот од три минути без гол за 23:24. Маркусен од 11 метри погоди точно на половина полувреме, па Канељас од тешка позиција за +2 за гостите. Но двата гола на кубанецот Павон донесоа нов егал (26:26). По тајм-аутот на Талант, погоди Алес Силва и на пет минути до крајот, Натурхаус Ла Роха одново поведе. Миндехиа брзо зголеми на +2, а Мартинез му „скина„ зицер на Агинагалде. Агинагалде и Калман на две минути до крајот доближија на само -1, а од контра Бараше израмни на 29:29 на 92 секунди до крајот. Брзо реализираа Тиуменцев и Калман и Натурхаус тргна во напад при реми на 43 секунди до крајот. По фантастична комбинација, Аизпуруа од крило на 19 секунди до крајот го врати домашното водство. Душебаев побара минута одмор да се подготви последниот напад. Лопез беше исклучен на 5 секунди до крајот, Маркусен со маркер беше седми ракометар во поле и со двајца ракометари повеќе гостите имаа сламка за спас. Сепак соиграчите додадоа до Лазаров, кој од тешка позиција биеше над голот. Втор пораз во сезоната за Атлетико Мадрид и оддалечување од врвот на кој стабилно седи Барселона. Наутурхаус се реваншира за поразот во првиот делод шампионатот и во ASOBAL купот.
Во екипата на Натурхаус Ла Роха, бековите како и секогаш беа фантастични. Седум гола постигна Тиуменцев, по пет Павон и Мидехиа. Кај Атлетико Мадрид нашиот Лазаров постигна седум гола, Калман додаде уште шест, но недостигаа останатите за да се добие овој тежок меч.


Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share