ВИДЕО: Кристијансен: „Фаворитите се тие - Данска, Франција...„
Втор пат во пет дена разговаравме со данската легенда Ларс Кристијансен кој сега ни даде детална прогноза за завршните натпревари кои следат од денес па се до недела. Данското поранешно крило беше дипломатски расположен и немеше јасен фаворит.
„Јас би сакал Данска да биде светски првак, но има многу квалитетни репрезентација. Франција никој не смее да ја заборави, Хрватска игра блескаво, Шпанија има капацитет да стигне до самата завршница. Мене многу ми се допаѓа како игра Словенија, многу полетно, многу допадливо. Не е лесно да се прогнозира. Следуваат нокаут натпревари и може да одлучи само една топка, а не очекуваат многу емоции и квалитетен ракомет„ ни рече бившиот ракометар на Фленсбург кој до секој детал ја следи данската репрезентација и нивните противници. Така по мечот Унгарија - Полска, Кристијансен со целосен скаутинг за Унгарија „реферираше„ за данското радио каде е стручен соработник веќе втора година.