hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: Доручек со Абало и правец за Скопје

image 1358762039791841

Последниот ден во Барселона за нашиот капитен Кирил Лазаров започна со доручек со неговиот бивш колега од Атлетико Мадрид и голем пријател Лук Абало. Двајцата имаа серија на прекрасни моменти во дресот на шпанскиот клуб. Сега имаа половина час да ги прокоментираат осминафиналните мечеви играни вчера.

 Во текот на денот Лазаров и нашата ракометна репрезентација патуваат за Скопје, а Кирил Лазаров најави доаѓање во Барселона за полуфиналните мечеви и големото финале в недела. Талант Душебаев им даде уште неколку дена на ракометарите кои учествуваа на мундијалот и в понеделник треба да се јават во главниот град. Со тоа ќе се приклучат на групата од 10-12 ракометари кои редовно тренираа уште од пред две недели. Преку Виена и Белград, ракометарите вечерва ќе пристигнат во татковината.

Share