hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија ја надигра Црна Гора во првиот тест пред Европското првенство

mkd mne

Македонија - Црна Гора 54:51 (39:37, 22:17)

Македонската машка ракометна репрезентација која се подготвува за настап на Европското првенстви во Германија што ќе стартува од 10 јануари идната година, во Стара Пазова го одигра првиот контролен натправр во три полувремиња против Црна Гора. Македонија ги доби првите триесет минути со 22:17, вториот дел и припадна на Црна Гора (17:20) или по шест минути игра резултатот беше 39:37 за „црвено-жолтите", кои ги добија и последните триесет минути со 15:14 или вкупно (54:51).

По одработените подготовки во Србија експедицијата на Македонија се враќа дома по што ќе имаат слободни денови за новогодишните празници, а со подготовките ќе се продолжат на 2. јануари.

Следните два тест натпревари Македонија ќе ги одигра со Грција во Скопје, на 4 и 5 јануари.

Европското првенство во Германија ќе стартува на 10 јануари во Дизелдорф против селекцијата на Франција. Во групата за ривали ќе ги има и селекциите на домаќинот Германија и Швајцарија.

Share