Франција е главен фаворит во групата на Македонија за следна рунда на ЕП 2024, а селекторот Гијом Жил го објави списокот на ракометари на кои смета за настанот на кој ќе се атакува на медал.
„Галските петли" нема да може да сметаат на искусниот Винсен Жерар. Голманот се повреди и не доби повик. Исто, нема да играат Матеј Гребиј од ПСЖ и Беноа Конку од Киелце кои не добија повик и испаднаа од комбинација.
Лидер на тимот ќе биде ѕвездата Никола Карабатиќ. Покрај против Германија и Македонија, Французите ќе играат и со Швајцарија.