hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Првпат се пласиравме на големо натпреварување без помош на „сенаторите“ од претходната генерација

412681680 696207332641069 8380586620018065609 n 11

Македонската машка ракометна селекција веќе втор ден е на базични подготовки кои се реализираат во соседна Србија. Во комплексот во Стара Пазова под палка на селекторот Кире Лазаров македонските ракометари веќе започнаа со жестоко темпо.

Селекторот Кирил Лазаров не ја крие гордоста што како кормилар на националниот тим успеа да обезбеди уште едно учество на големите натпреварувања. Тој потенцираше дека процесот на смена на генерации е финиширан, доказ за тоа е што овој последен квалификациски циклус беше минат без помошта на ниту еден играч од претходната генерација на играчи, најуспешната во историјата на ракометната репрезентација.

„Успеавме како национална селекција повторно да се пласираме на едно големо натпреварување, на Европското првенство во 2024 година во Германија. Сакам да истакнам дека првпат оваа наша селекција безз помош на ниту еден играч од претходната генерација успеа да се пласира на едно големо натпреварување. Во изминатиот период ја докомплетиравме смената на генерации, но се уште имаме три-четири поискусни играчи кои придонесуваат со својот квалитет и искуство.

Почнавме да се подготвувавме за Европското првенство во јануари, ЕХФ-неделата во ноември ја искористивме за два пријателски натпревари со Грција, селекција што исто така ќе биде учесник на ЕП. Таму успеавме да стигнеме до една победа и едно реми, во два меча одиграни за помалку од 48 часа. Како и секој декември, во тек се подготовките за претстојното големо натпреварување, моментно сме на подготовки во Стара Пазова, каде имаме беспрекорни услови за работа. Договорено е да имаме пријателски натпревар со Црна Гора, што во консултација со нивниот селектор Владо Шола се договоривме тој меч да се игра „три по триесет минути", за да може сите ракометари да добијат шанса и да испробаме што повеќе тактички варијанти", реч Лазаров.

На Европското првенство титулата ја брани Шведска, која е и најуспешна репрезентација на континенталните шампионати, со пет злата и едно сребро.

Share