hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Репрезентативците се собраа во Скопје, започна „операцијата Германија“

20220520172920

Македонската ракометна репрезентација денес означи старт на подготовките за Европското првенство во Германија, што ќе се одржи во јануари. Нашиот тим е во исклучително силна група на турнирот, каде ќе се соочиме со Франција, потоа домаќинот Германија и селекцијата на Швајцарија.

Селекторот Кирил Лазаров за стартот на подготовките повика 19 ракометари и стави осум резерви во случај да има некоја повреда. На првата прозивка ќе недостигаат двајцата наши интернационалци, кои играат во Португалија, Никола Митревски и Филип Талески, кои подоцна ќе се приклучат кон националниот тим. Репрезентацијата ќе биде во Скопје само еден ден, па ќе продолжи со тренинзи во Стара Пазова, каде на 29 декември ќе одигра контролен меч со Црна Гора.

Во финалниот дел од подготовките нашите ракометари ќе одиграат две контроли со Грција пред заминувањето за Германија.

На Европското првенство во првото коло се соочуваме со Франција во Дизелдорф на 10 јануари, а натпреварот ќе се одигра на фудбалски стадион. Четири дена подоцна играме во Берлин, каде во второто коло наш ривал е домаќинот Германија, а на 16-ти јануари ќе ги одмериме силите со Швајцарија.

Пласман во втората фаза од Европското првенство ќе обезедат првите две селекции во групата.

Share