hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Треба уште многу работи да поправиме, ќе пробаме нешто друго на утрешниот дуел

кире селектор

Машката ракометна репрезентација на Македонија ги одработува подготовките за новиот настап на СП во Полска и Шведска. Како дел од подготовките се и двата контролни, пријателски натпревари против Црна Гора.

Во Маврово, Македонија и Црна Гора го одиграат првиот од двата контролни натпревари. „Црвено-жолтите" славеа убедлива победа со 10.гола разлика 33:23.

Селекторот Кирил Лазаров ги изнесе првите впечатоци од натпреварот во Маврово.

„Неслучајно ги организиравме овие силни четири контролни натпревари. Тие се важни за играчите кои немаат такви мечеви во текот на сезоната. Црна Гора иако не е во најсилен состав, сепак покажа дека е доста габаритна, борбена и квалитетна селекција. Имаше многу добри работи, но и лоши работи, кои ќе треба да ги поправиме. Истите ќе ги анализираме уште утре.

На вториот натпревар ќе пробаме нешто друго. Во секој случај резултатот не е важен, иако во еден момент гласаше десет гола разлика, но можеби е добро што заврши вака да не мислиме дека сме многу добро. Има уште доста да се поправи", рече Лазаров.

Покрај овие два меча со Црногорците, како и ревијалниот натпревар против ветераните, во Скопје на 3 јануари, црвено-жолтите во Пореч, ќе имаат уште двете контроли со Хрватска и Израел, по што заминуваат за Краков, каде ќе ги играат натпреварите она Светското првенство, на кои ќе настапат во која за противници ќе ги имаат селекциите на, Норвешка, Холандија и Аргентина редоследно.,

Share