
Македонија - Црна Гора 38:33 (19:13)
Македонската ракометна репрезентација забележа победа на денешниот натпревар со Црна Гора. Избраниците на селекторот Кире Лазаров одиграа рутински натпревар и заслужено победија со 38:33 (19:13).
Најефикасен во победничкиот состав беше Дејан Манасков со десет голови, по пет постигнаа Гоце Георгиевски, Филип Талески и Игор Ѓоргиев.
Двете репрезентации утре ќе одиграат уште еден пријателски натпревар.
Овие натпревари, како и претстојните против Хрватска и Израел на почетокот на јануари се во рамките на подготовките за настапот на македонскиот национален тим на Светското првенство 2023 во Полска и Шведска.
ФОТО: Ракометна федерација на Македонија