
Нант - Магдебург 25:28 (13:11)
Нант го загуби првиот четвртфинален дуел во Европската лига против Магдебург. Германскиот тим беше надмоќен во вторито дел на гостувањето во Франција и за дома се врати со сигурна победа 25:28.
Кирил Лазаров, поради повреда не беше во можност да му помогне на својот тим и му следат две-три недели мирување. Тимот на Алберто Ентрериос одигра одлични први триесет минути, но во вторите потфрли и во Германија ќе брка пресврт за пласман во „фајнал-фор" турнирот во второто по ранг натпреварување на ЕХФ.
Ривера со шест гола беше најефикасен кај Нант, а Магнусон кај Магдебург исто така со шест гола беше прв стрелец.
Возвратниот натпревар се игра следниот вторник во Германија.