hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант во полуфиналето на Купот, ПСЖ го декласира Монпелје

nant

Нант - Екс Прованс 32:27 (15:16)

Екипата на Нант на прагот е да испише историска сезона. Имено, клубот кој го освои Лига Купот на Франција, се пласира и во полуфиналето на Купот на Франција, а во игра е и за трофејот на ЕХФ Лига Европа. Нант и без Кирил Лазаров беше пресилен за Екс Прованс на поранешниот тренер Тјери Анти и славеше со 32:27. Со оваа победа тимот на Алберто Ентрериос се избори за место меѓу четирите најдобри и сонува финале во Париз.

Полуфиналисти се уште ПСЖ, кој го надигра Монпелје со 41:24, Шартр со победата над Шамбери со 26:25 и Тулуз, кој беше подобар од Сант Рафаел со 26:22.

Големото финале ќе се одигра на 11 јуни во Париз.

Share