hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант пресилен за Саран, заокружена перфектната недела со трета победа

nant - saran

Нант - Саран 36:21 (21:10)

Четвртфиналистот во ЕХФ Лига Европа, екипата на Нант на Алберто Ентрериос ја заокруѓи неделата со трета победа во шест дена. Иако настапија без Кирил Лазаров, ракометарите на Нант на свој терен без многу проблеми го совладаа составот на Саран со 36:21 (21:10).

Дуелот беше решен уште во првото полувреме, затоа што домашните ракометари беа речиси непогрешливи во нападот и на одмор заминаа со позитива од 11 гола (21:10). Вториот дел беше само формалност и домаќинот крај славеше со убедливи 36:21.

Персон и Лукас Де Ла Претече со по пет гола беа најпрецизни во победничкиот табор, а за поразениот тим се истакнаа Мосинди и Бланк со по три гола. Со оваа победа тимот на Кирил Лазаров се зацврсти на втората позиција на табелата во француската елита, но сè уште е далеку од шампионот ПСЖ, кој по 22 кола е перфектен со исто толку победи.

Share