hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров пак кобен за Фуксе Берлин, Нант во четвртфиналето на Лига Европа

lazarov so berlin

Фуксе Берлин - Нант 30:33 (15:14)

Кирил Лазаров обезбеди пласман во следната рунда во ЕХФ Лига Европа откако и во реваншот тој и неговиот тим беа подобри од Фуксе Берлин. Капитенот на нашата репрезентација пак беше кобен за клубот од Берлин, кого го „потопи" и пред неколку години во Лигата на шампионите.

Нант во Берлин бранеше еден гол разлика (25:24) и успеа да ги одбрани славејќи со 33:30 за пласман во четвртфиналето. Клучната фаза која го одлучи победникот се случи во второто полувреме, кога Нант за седум минути постигна пет гола по ред и негативата од два гола ја претвори во предност од 25:27 и до крајот со рутинска игра дојде до нова победа.

Нашиот Лазаров уште еднаш одигра одлично, постигна пет гола и имаше две асистенции, и беше втор стрелец во својот тим зад Монар кој даде еден гол повеќе.

Подобриот од дуелот Спортинг Лисабон – Магдебург ќе биде противник на Нант во четвртфиналето.

Во следната рундa патува и ГОГ Гудме кој дома го совлада Бидасоа Ирун (33:31) и ќе се соочи со Нексе, кој во Битола го елиминира Еурофарм Пелистер. Меѓу најдобрите осум се најде Бенфика со победа над Тулуз (36:30), исто така и Висла Плок, но со реми против Лемго (28:28).

Share