hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант го надигра Кретеј и ја продолжи серијата победи во шампионатот

lazarov so kretej

Кретеј - Нант 31:35 (16:19)

Иако уморни по тешкиот дуел од осминафиналето на ЕХФ Лига Европа против Фуксе Берлин, ракометарите на Нант запишаа уште една победа во домашното првенство. Потврда на второто место на табелата дојде со победата на теренот на Кретеј со 31:35. Екипата на Алберто Ентрериос водеше од првата до последната минута и во ниту еден момент не го доведе прашањето на победникот во прашањето.

Предноста од 3-4 гола беше постојана разлика во првиот дел. Домаќините повеќе грешеа, а гостинските крила целосно го полнеа голот на Кретеј. Домашната екипа пред самиот крај опасно се приближи на само еден гол разлика, но Нант покажа квалитет кога беше најважно, се одлепи на конечните „плус четири" и прокнижи значајни бодови.

Лазаров запиша две асистенци, но не постигна погодок. Ривера со десет и Овничек, Брие и Мин со по четири погодоци беа најефикасни во тимот на Нант, кој во 2022 година има само еден пораз, и тоа од водечкиот ПСЖ.

Share