hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Задоволни сме од групата, но мора да бидеме внимателни

lazarov selektor

Машката ракометна репрезентација на Македонија ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство 2024 кое ќе се игра во Германија. Повторно ќе играме против Португалците, овојпат ракомет. Покрај нив во нашата група се уште и селекциите на Турција и Луксембург.

Mесто на натпреварувањето обезбедуваат првиот и вториот од групата, а таму одат и четирите најдобро третопласирани од осумте групи. Селекторот ги анализираше противниците и нашите шанси за пласман на шампионатот во Германија,

„Задоволни сме од ждрепката, иако со нашиот менталитет и карактерни особини секогаш мораме да бидеме внимателни. Сепак, не треба да се залажеме дека ќе имаме фаворитска улога за пласман на Европското првенство во оваа група. Медитеранските игри ќе ни послужат да испробаме и видиме играчи што би конкурирале за стартот на квалификациите, а тие се во октомври годинава. Нашата цел е да создадеме 20-25 квалитетни репрезентативци што би можеле да одговорат на обврските во кое било време и во која било ситуација", изјави Лазаров.

Квалификациите ги почнуваме против Луксембург на домашен терен, а ги завршуваме против селекцијата на Турција.

Share