hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија ги декласира Романците и патува со +8 во Букурешт

mak rom1

Македонија - Романија 30:22 (16:13)

Македонската сениорска репрезентација оствари победа од осум голови разлика во првиот натпревар против Романија во првиот дел од квалификациите за пласман на Светското првенство во Полска и Шведска. Во последните 10-15 минути нашите најдобри ракометари предводени од селекторот Кирил Лазаров стекнаа висока позитива која треба да се одбрани в сабота кога ќе се игра реваншот во Букурешт.

Македонија уште од стартот покажа дека победата нема да биде доведена во прашање туку дека дилемата ќе биде само со колку разлика ќе биде изразена. На полувреме беше 16:13, а нашите добро започнаа и во вториот дел, па прв пат поведовме со пет разлика (19:14). Серијата на противникот беше запрена со фантастичен цепелин на Лазаров до Талески (20:17), за Талески веќе во следниот напад да стрела прецизно од својата половина во празната мрежа за 21:17 за Македонија. Сепак, во наредните минути следеше нова криза во играта на нашата репрезентација, по што при резултат 21:19 беше побаран и првиот тајмаут во второто полувреме. За среќа, финишот ѝ припадна на Македонија, што ја истакнува зрелоста на овие ракометари, пред се на Филип Талески и Филип Кузмановски.

На крајот, Македонија на одличен начин го започна баражот за Светското првенств, па со предност од 30:22 ќе патува на гостувањето во Букурешт во Романија. Талески беше најефикасен и постигна десет гола во уверливата победа, додека капитенот Лазаров и Кузмановски постигнаа по седум погодоци.

Share