hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Супер-дербито за ПСЖ, Нант попушти во драматичниот финиш

nant - psg

Нант - ПСЖ 29:30 (13:12)

Во дуел како од учебниците, со 10.000 гледачи на трибините, пресврти и убави моменти, лидерот ПСЖ го преживеа гостувањето во Нант и извојува победа против ланскиот полуфиналист на Лигата на шампионите и заедно со Монпелје најголемиот конкурент во лигата.

Кирил Лазаров и соиграчите долго имаа предност на дербито со ПСЖ, но гостите одиграа подобро во финишот и освоија важни бодови на денешната средба (29:30). Лидерот во првиот дел водеше со 8:10, но следуваше одлична серија на Нант, по која домаќините имаа 13:10, за гостите на полувреме сепак да заминат со еден гол негатива (13:12).

Во второто полувреме долго време се играше гол за гол, по што Нант повторно создаде предност од три гола (24:21), но набрзо следи израмнување, па пресврт од страна на ПСЖ (26:27), по што парижаните го задржаа водството и триумфираа со 29:30

Лазаров постигна два гола, а најефикасен кај Нант беше Ајмерик Мине со шест гола. Кај парижани се истакна Беноа Конку со седум реализации. ПСЖ сега има скор 13-0 и пет бода повеќе во однос на Нант, како и натпревар помалку.

Share