hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант се загреа за ПСЖ и го декласира Шамбери

нант - шамбери

Нант - Шамбери 38:29 (18:17)

На сличен начин како и претходните ривали, Нант го „скрши" и Шамбери. По израмнетиот прв дел, следеше реакција на почетокот од продолжението и убедлива победа. Лазаров и другарите триумфираа со убедливи 38:29 во дуелот од 13. коло и се зацврстија на второто место на табелата.

Шамбери беше подобар ривал во голем дел од првото полувреме во кое гостите го диктираа темпото, а домаќинот благодарение на подобрата завршница замина на одмор со минимално водство од 18:17. Вторите 30 минути донесоа сосема поинаква слика на теренот. Домаќините го добија овој дел од играта со 20:12 и на крајот победија со +9 против тимот кој е на шестото место на табелата, на која ПСЖ е пред Нант со три бода повеќе како лидер.

Лазаров постигна четири гола, Ривера беше најефикасен со десет реализации, а три помалку имаше Мин.

Веќе во вторник Нант се соочува со единствената непоразена екипа во лигата, лидерот ПСЖ.

Share