hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров го уништи Ним, Нант ја продолжи победничката серија

lazarov nim -nant

Ним - Нант 26:34 (13:15)

Нант влезе во последниот месец од годината во врвна форма и по ремито во Данска во Лига Европа, им се врати на победите во француското првенство. Кирил Лазаров одигра ефикасен натпревар во гостинската победа на Нант кај Ним. Екипата на Алберто Ентрериос триумфално се врати од Ним, каде извојува победа од 26:34 (13:15)

Лазаров со девет гола беше прв стрелец на Нант, погодувајќи исклучиво од линијата од седум метри. Покрај Лазаров, одличен беше и голманот Нилсен, кој запиша 14 одбрани.

Нант диктираше темпо, водеше од првата минута, а на одмор замина со +2. Сепак, почетокот на вториот дел донесе голема серија на гостите и убедлива победа.

По дванаесет кола во францускиот шампионат, тимот на Лазаров има девет победи, едно реми и два порази. Нант со овие бодови се зацврсти на второто место, зад лидерот ПСЖ на табелата.

Share