hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров погоди „бомба“ пред звукот на сирената и донесе бод за Нант од Данска

gudmekire

ГОГ Гудме - Нант 29:29 (16:14)

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, беше најдобар кога беше најпотребно и со гол во финишот го спаси својот Нант од пораз во натпреварот во Данска од ЕХФ Лига Европа. Нант на гостувањето кај ГОГ Гудме губеше со 29:28 во последната минута, но Лазаров со голот на десет секунди до крајот на натпреварот му донесе реми на својот тим.

Првиот дел беше израмнет, а со подобар финиш данскиот вицешампион на одмор замина со 16:14. Нант имаше фантастичен старт на второто полувреме, Лазаров постигна четири гола за десетина минути и ги разигруваше соиграчите, а на голманската позиција Микаел Робин бранеше сè. Гостите веднаш го преземаа водството и го диктираа резултатот. Во драматичен финиш решаваа „бомбардерите", а на головите на Гидсел и Толбринг одговори Лазаров и донесе голем гостински бод за францускиот тим.

Кирил Лазаров натпреварот го заврши со пет постигнати голови, сите постигнати во второто полувреме. Бриет беше автор на шест реализации кај Нант, а кај ГОГ Гудме, Питлик и Толбринг тресеа мрежи по седум пати.

Во останатите натпревари од оваа група, Бенфика го совлада Кокс со 37:23, а Лемго беше подобар од Чеховски Медведи со 30:27.

Share