hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: Лазаров се дружеше со фановите на промоцијата на автобиографијата

k4

Кирил Лазаров само што слета од Каиро се дружеше и потпишуваше автограми на своето автобиографското дело - „Секогаш на победа" во продавницата на Literatura.mk во East Gate Mail. Најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите и рекордер по многу основи во светот на ракометот на хартија ја пренесе својата ракометна и животна приказна во соработка со српскиот новинар Жика Богдановиќ, основач на регионалниот ракометен портал „Balkan-handball". Патувањето од родниот Свети Николe до Нант, каде што ќе ги закачи „патиките на клин" следното лето е опишано на интересен начин со бројни анегдоти и лекции кои ќе бидат водич за новите генерации и потсетник за современиците на голема кариера. Книгата, која љубителите на спортот во Македонија и во целиот регион со нетрпение ја очекуваа, е достапна во сите наши книжарници.

k3

Автобиографијата на Кирил Лазаров „Секогаш на победа" по цена од 499 денари можете да ја купите во преку 200 продавници низ Македонија и книжарниците на literatura.mk.

k2

Книгите може да се нарачаат и онлајн преку официјалната ФБ страница Кирил Лазаров 7, односно официјалните ФБ и Инстаграм страници на Balkan-Handball.com по цена од 499 денари плус 100 денари испорака до дома.

k1

Share