hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант победнички мина низ Данкерк, Лазаров автор на три гола

lazarov so dankerk

Данкерк - Нант 21:25 (13:9)

Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров го поведе Нант до првата победа во новиот шампионат на Франција во ракомет. По неочекуваниот пораз од Сесон Рен во првото коло, полуфиналистот на Лигата на шампионите го совлада Данкерк со 21:25 и се врати во нормален победнички колосек, каков што беше цело лето.

Еден од фаворитите во најсилното првенство на Франција, составот на Нант славеше кај Данкерк со 21:25. Најефикасни во Нант со по четири голови беа Даматрин и Ривера, а голманот Нилсен забележа 16 одбрани. Капитенот на нашата репрезентација придонесе во победата со три постигнати голови, еден реализиран од пенал.

На спротивната страна за домаќините седум погодоци запиша Авеланж, четири запиша Мартинез.

Во следното коло Нант на 26 септември на домашен терен ќе ја пречека екипата на Монпеље која денеска триумфираше против Истрес со 23:29. Првакот на Франција, ПСЖ утре попладне на домашен терен ќе се сретне со Тулуз.

Share