hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров блесна против европскиот првак, Кил извлече реми во Нант

lazarov so nant

Нант - Кил 24:24 (12:9)

Францускиот претставник во Лигата на шампионите, Нант, уште еднаш потврди дека е традиционално незгоден противник за европскиот првак Кил. Откако го декласира во Германија кон крајот на 2020 година, вечерва пропушти можност да го совлада на домашен терен и дуелот заврши без победник, 24:24.

Нант постојано беше во водство во првиот дел. Французите поведоа со 4:2 и предноста не ја испуштија до крајот на полувремето, кое го решија во своја полза со 12:9. Финишот беше многу израмнет и драматичен. Кил израмни на 24:24, а потоа и двете екипи имаа напад за победа, но не го реализираа и натпреварот заврши без победник.

Нашиот Кирил Лазаров блескаше и постигна пет гола, со кои беше најефикасен на натгпреварот. Мин со четири гола беше втор стрелец во тимот на Ентрериос. Кај Кил, Вајнхолд постигна четири, а Винцек, Екберг и Ехриг по три гола.

Share