hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров блескаше, Нант ремизираше во дербито на францускиот викенд

lazarov so aiks1

Нант - Аикс Прованс 23:23 (13-10)

Секој натпревар во француското ракометно првенство е тежок и неизвесен. Дербито овој викенд го одиграа две екипи од врвот, а Нант на Кирил Лазаров ремизирше со Аикс Прованс со 23:23.

Нант важеше за фаворит на хартија, но не успеа да дојде до победата. Имаше предност од три гола во првиот дел, но во второто полувреме противникот, воден од поранешниот тренер на Нант, Тјери Анти, се врати и се играше драматична завршница во која домаќинот можеше лесно да загуби.

Maкедонскиот репрезентативен капитен постигна шест погодоци, а три од нив од седум метри. Најдобар стрелец кај Нант беше левото крило Валеро Ривера кој успеа да постигне седум голови.

Нант е на петтото место во Лидл Старлигата со 17 бода, додека Аикс е четвртопласиран со 21 бод.

Следен предизвик за Нант и Лазаров ќе биде натпреварот против Кил во Лигата на шампионите

Share