hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров упати безрезервна поддршка за Мукаетов пред Изборното собрание на РФМ

лазаров и мукаетов

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров испрати поддршка за претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов кој в недела ќе се кандидира за нов четиригодишен мандат на чело на федерацијата.

„Сакам да изразам безрезервна поддршка и одобрување за одлуката на господинот Живко Мукаетов да се кандидира за нов четиригодишен мандат на чело на Ракометната федерација на Македонија. Под негово водство се изградивме како сериозна федерација, уште повеќе го издигнавме нашиот национален спорт и верувам дека тој процес ќе продолжи", рече Лазаров.

Редовното изборно собрание на РФМ е закажано за в недела 31 јануари.

Share