hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров се врати во тимот, Нант со победа се враќа од Данкерк

lazarov so dankerk1

Данкерк - Нант 20:25 (12:13)

Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров оствари успешен камбек на ракометните терени откако го победи коронавирусот, настапувајќи за Нант на гостувањето против Данкерк. Екипата на нашиот ракометар извојува победа од пет голови разлика и со 20:25 се врати во Нант.

Натпреварот го одбележа цврста одбрана на двете страни, па на одмор се замина со +1 за Нант,. Македонскиот репрезентативец го заврши натпреварот со два погодоци и една асистенција. Најефикасен кај Нант беше Ривера со пет постигнати гола, пред Фигуерас и Мине со по четири постигнати гола, додека кај Данкерк, Пелајо реализира четири пати.

За Нант ова беше шеста победа во осмото коло од францускиот шампионат. Следен предизвик ќе им биде дуелот од Лигата на шампионите, на домашен терен против Мотор закажан за среда

Share