hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

Лазаров: Веспрем имаше одличен голман, пропуштивме шанса дури и да ги победиме

lazarov izjava nant

Вечерва во Веспрем ги однесе бодовите, во соочување во кое меѓу најдобрите поединци беа двајцата македонски репрезентативци, Кире Лазаров и Дејан Манасков.

На официјалната прес-конференција по поразот од 24:28, Лазаров потенцираше дека овој Веспрем вечерва беше победлив и францускиот вицешампион пропушти шанса да го изненади.

„Вечерва имавме шанса да го победиме Веспрем. Секако дека ја заслужија победата, имаат одлилчен ростер и може да ја освојат Лигата на шампионите. Вечерва имаа и одличен голман. Нам ни преостанува да се разбудиме и да се поправиме против Кил и Барселона. Ова е само почеток на сезоната, имаме добар тим и сигурен сум дека ќе бидеме само подобри во продолжението на Лигата на шампионите", истакна капитенот на македонската репрезентација.

Со петте гола вечерва против европскиот вицешампион, Лазаров се зацврсти на првото место на вечната листа на најсилното клупско натпреварување во Европа.