hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

Пораз од ГРК Охрид на дебито на Голден Арт КЛ7 во Суперлигата

kl7 - ohrid

Очекуван пораз на младата екипа на Голден Арт КЛ7 во својот прв натпревар во Суперлигата. Фаворитот, екипата на ГРК Охрид забележа победа со резулат 23:29. Гостите од Охрид одлично го отворија натпреварот, со водство од 1:4, а за брзо време поведоа и со 3:8. Водството го задржаа во текот на целиот натпревар, а на крајот од првиот дел дојдоа и до максимални девет погодоци разлика (8:17).

Вториот дел домаќинот го одигра далеку поквалитетно и подобро, младите момци како да ја победија почетната трема од Суперлигата, па вториот дел го добија со резултат 15:12, но тоа беше недоволно за промена на конечниот резултат, па на крајот неминовен беше првиот пораз со резултат 23:29

Голден Арт КЛ7 – ГРК Охрид 23:29 (8:17)

Голден Арт КЛ7: Петкоски, Петрески, Буторац, Ѓорговски 3, Гајиќ 1, Стојковиќ 1, Темелкоски 2, Симоноски 4, Крстески, Стојков, Димовски 2, Даев, Ѓоргиев 5, Илиески 4, Цветаноски 1,

Седмерци: 4/5
Исклучувања: 6 минути

Следниот натпревар Голден Арт КЛ7 го игра веќе в понеделник на гостувањето во Радовиш.