hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

Бошковски: Ќе се надигруваме со секој противник сезонава

boskovski

Утре стартува македонската Суперлига во ракомет, првпат поделена во две групи. Дебитантот Голден Арт КЛ7, составен од млади ракометари на возраст од 17-20 години предводени од Андон Бошковски, е еден од новајлиите во елитата.

Голден Арт КЛ7 се најде во А групата заедно со ГРК Охрид, Пролет, Струга, Радовиш, Јуниор Кисела Вода и Астраион од Струмица. Првиот натпревар момците на Бошковски го играат против фаворитот ГРК Охрид.

„Ние сме млада екипа и како екипа и како структура на играчи, без суперлигашко искуство, но со мотив да на секој нов натпревар одиграме подобро од претходниот. Охрид е фаворит, имајќи предвид дека е многу поискусна екипа со играчи од странство и играчи кои долги години играат во суперлигата но и со резултати кои се на завидно ниво последните неколку години.

Голден Арт КЛ7 ќе бара шанса за надигрување со секој противник оваа сезона, па така и со Охрид. Ако ни се даде можност ќе се обидеме да го изненадиме. Сепак, многу поважно за нас како клуб е да растеме од секој аспект, а играњето во најквалитетното македонско натпреварување ќе ни го овозможи тоа", рече Бошковски.

Натпреварот Голден Арт КЛ7 - ГРК Охрид се игра утре од 19:00 часот во СРЦ „Борис Трајковски" во Скопје.