hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

„Семејството и децата се единствените работи кои Кире ги стави пред ракометот

лазаров интервју

Францускиот медиум „Уест Франс" на своите читалите им го доближи ликот на ракометарот на Нант и македонската репрезентација, Кирил Лазаров. За тоа каков човек и ракометар е нашиот репрезентативен капитен зборуваа неговите поранешни клупски другари Раул Ентрериос и Никола Карабатиќ, поранешниот македонски селектор Раул Гонзалез и неговата сопруга Љубица.

Раул Гонзалез:

Зборуваме за лидер на тренинзите и на натпреварите. Успеа во Атлетико Мадрид, Барселона и денес во Нант, тоа се врвни клубови, да го наметне својот квалитет, работа и карактер. Може да игра уште три-четири сезони, сигурен сум во тоа. Не сум сигурен дали тоа ќе го стори, но дека може да игра, сигурно може. Киро е поинаков од останатите ракометари, има одговор за сите ситуации. Ќе биде одличен тренер и ќе направи големи работи за Македонија.

Никола Карабатиќ:

Киро го сметам за пријател, потоа и соиграч во мојот период во Барселона, а заедно и ја реализиравме перфектната 2015 година. Не ме изненадува што долго трае, тој се грижи за себе, максимално е посветен и тренира. Играв против него, ударот од далечина е негова силна страна. Тој е еден од најдобрите шутери во светот. Голманите имаат проблем со неговиот удар. Надвор од теренот е смирен, семеен човек и многу позитивен.

Раул Ентрериос:

Четири години ја делев соблекувалната со еден историски ракометар за својот пат во Европа. Не сум изненаден за неговата долготрајност, бидејќи тактички тешко е клуб да пронајде така добар ракометар како Киро. За голманите е тешко да го прочитаат, подеднакво добро шутира и додава.

Љубица Лазаров:

Беше млад ракометен талент од 17 години кога се запознавме. Бев студентка и ме интересираше ракометот. 23 години сме заедно и тој остана ист, внимателен татко и грижлив за своите деца и пријатели. Семејството и децата се единствените работи кои ги става пред ракометот. Може да гледа ракомет цел ден, а љубовта му ја пренесе неговиот татко, кој исто така беше ракометар во поранешна Југославија. Мрази неправда и негативни луѓе. По природа е мирен и некогаш не се нервира без причина. Слободното време го користи за семејството и за децата, а две недели во Охрид за време на летото го одржува својот камп. Сака море и природа за да ги наполни батериите. Ќе продолжи да игра додека се чувствува во форма. Многу му даде на националниот тим, неколку пати беше избиран за најдобар спортист на својата земја и кога минува низ улици сите го застануваат да се фотографираат. Тоа е голема чест за него.

Share