hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Скршен отпорот на Шартр, Нант впиша прва пролетна победа

EQDBD5pWoAA6-GM

Нант - Шартр 33:31 (18:19)

Пролетниот дел од сезоната започна одлично за Нант и Кирил Лазаров. По успехот против Шамбери во Купот на Франција во неделата, поранешниот европскиот вицешампион ја запиша и првата пролетна победа во шампионатот. Вечерва во рамките на 14. коло од првенството на Франција екипата во која настапува Лазаров, го совлада составот на Шартр со 33:31 (18:19).

Изедначено, со игра гол за гол мина поголем дел од првото полувреме. Нант се одлепи на +3 во финишот на првиот дел, Шартр намали, па и поведе за предност од 18:19 на полувреме. Со многу подобро издание, Нант по одморот ја презеде играта и брзо дојде водството. Во 41. минута екипата на Ентрериос поведе со +5, но Шартр пак се врати и донесе драматичен финиш. Сепак, искуството на ракометарите на Нант не дозволи изненадување и домашната екипа запиша победа од 33:31.

Лазаров постигна два гола, а најефикасен во победничкиот тим беше Емерик Мин со 12 гола. Со оваа победа Нант се зацврсти на второто место зад неприкосновениот ПСЖ.

Share