hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

Заврши меѓународниот ракометен турнир „КЛ7 2020“, Металург и КЛ7 први лауреати

награди-1-14

Викендов што е зад нас се одржа првиот меѓународен турнир за млади категории "КЛ7 2020", чии домаќин и организатор беше ракометниот клуб КЛ7. На истиот учествуваа пет клуба со осум екипи во две категории: 2002 и помали, 2004 и помали.

 

награди-1-15

Во салата „Арихиепископ Доситеј" во Општина Кисела Вода беа присутни дел од најдобрите од ракометот во младински категории во Македонија, клубови кои работат во создавање на играчи од кои еден ден некои од нив ќе бидат носители на националниот дрес. Неколкумина од учесниците на турнирот веќе се наши репрезентативци, што е сонот на секој ракометар, да се биде дел од татковинската ракометна армија на терен. Турнирот беше добра можност да се види кој како напредува, работи, да се спроведат практично и да се споредат "изучените лекции" . Се одиграа 12 натпревари, систем секој со секого во групата, со што се стигна до најуспешните .

награди-1-23

Генерација 2004 го имаше следниот редослед:

1. РК Металург 2. РК КЛ7 3 РК Вардар

Најдобар голман: Иван Галевски (РК КЛ7)

Најдобар стрелец: Славчо Шулески (РК КЛ7)

Најдобар играч: Андреј Стојановски (РК Металург).

Генерација 2002 и помали го имаше следниот распоред:

1. РК КЛ7

2. РК Металург

3. РК ПИК Сегед (Унгарија)

Најдобар голман: Марк Бицок (РК ПИК Сегед),

Најдобар стрелец: Емилијан Ѓорговски (РК КЛ7),

Најдобар играч: Стефан Додиќ (РК Металург).
Најдобрите добија плакети кои им беа доделени од страна на менаџментот на РК КЛ7 и КМГ Спорт агенција, на која и припадна задачата логистички да го реализира турнирот.