hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Блескав втор дел, Нант триумфално се враќа од Кретеј

lazarov so kretej

Kретеј - Нант 27:34 (14:15)

Тимот на Нант максимално ја користи одличната подготовка на натпреварите и неиграњето во Лигата на шампионите. Така во домашното првенство екипата во која игра нашиот Кирил Лазаров влезе во позитивна серија. Нант сезонава загуби само од ПСЖ и тоа во Париз, а вечерва славеше на гостински терен кај Кретеј со 27:34 (14:15).

Лазаров беше во главната улога и пак одигра комплетен натпревар. Македонскиот репрезентативец постигна три погодоци и запиша пет асистенции за екипата на Алберто Ентрериос. Најдобар стрелец беше Мин со осум голови.

Кај Кретеј прво име беше Робин Молини со пет постигнати гола. Со пет победи и еден пораз Нант има подобар старт на сезоната од сите прволигаши со исклучок на ПСЖ, кој својот натпревар од шестото коло го игра утревечер пред своите гледачи против Шамбери.

Share