hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Брестовац го објави поширокиот список за последните натпревари од квалификациите

danilo

Селекторот на Македонската сениорска репрезентација Данило Брестовац го објави поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари против репрезентациите на Турција и Грција за пласман на ЕП 2020 година.

Сениорите петтиот натпревар од квалификациската група ќе го одиграат на 12.06.2019 против репрезентацијата на Турција во Ескишехир во 19:00 часот. Последниот натпревар на сениорите е против селекцијата на Грција и ќе се одигра на 16.06.2019 во Струмица со почеток во 18:00 часот.

Македонија го дели првото место во квалификациската група заедно со селекцијата на Исланд.

spisok mkd1

Share