hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лесна победа на Нант над Истр за продолжување на серијата

nant - istr

Нант - Истр 39:31 (22:14)

Нант на Кирил Лазаров ја продолжи својата серија на победи во домашното првенство и вечерва славеше против Истр со 39:31. Иако Анти ротираше, лесно беше наметната поквалитетната игра во двата правци и европскиот вицешампион запиша нови бодови.

Домаќините започнаа да го „газат" противникот и по десет минути водеа со 11:6, а а на одмор заминаа со 22:14. Со овој резултат се замина на пауза.

Во вториот дел, Нант не му дозволи на Истр резултатски да се доближи, па на крајот Лазаров и другарите славеа со +8.

Лазаров настапи во финишот и постигна еден погодок. Блескаше Валеро Ривера со 12 гола, Балагер даде шест, а Пехмалбек пет, додека кај Истр, Боши беше прв стрелец со шест гола.

Нант се наоѓа на второто место во француското првенство со 26 бода, зад лидерот ПСЖ на Раул Гонзалез.

Share