hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Хансен во последните секунди донесе победа за „светците“ во Нант

Du5DpY3U8AAubNo

Нант – ПСЖ 29:30 (14:13)

Во супер-дербито од 13. коло на францускиот шампионат, во големата арена во Нант, првакот ПСЖ го победи домашниот тим со постигнат гол на Микел Хансен во последните секунди од натпреварот. Финалните 29:30 се втор триумф на екипата на Раул Гонзалез против „канаринците" во седум дена, откако минатата недела славеа во Париз во осминафиналето на Лига Купот.

Дуелот започна динамично, со многу ефектни голови и позитивни и негативни серии на двете екипи. Домаќините поведоа со +3 на половина од првиот дел, но следеше серија на Хансен. Данецот беше инспиратор на серијата од 8:2 на „светците" и водството од 9:11 во 22. минута. Лазаров и Клер донесоа минимални +1 за Нант на полувреме.

Следеше фуриозен старт од двете страни на почетокот од второто полувреме и голови на Клер за 20:18 на 12 минути до крајот. Возврати шампионот со головите на Хансен и Генсхајмер и ПСЖ дојде до +3 на шест минути до крајот.

Нант полека ја топеше гостинската предност и Клер на 14 секунди до крајот израмни на 29:29. Сепак, последниот удар го зададоа парижаните и Хансен погоди од девет метри на неколку секунди до крајот за финални 29:30 и победа на ПСЖ.

nant - psg 1

Најефикасен во тимот на ПСЖ со десет гола беше Микел Хансен. Кај Нант, Валеро запиша седум гола, а нашиот Кирил Лазаров мечот го заврши со шест погодоци.

ПСЖ изби на врвот со 25 бода, три повеќе од второпласираниот Нант.

Share