hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Непредвиден пораз за македонската селекција во Кожани

makedonija-grcija-10

Грција – Македонија 28:26 (12:13)

Македонската ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за ЕП 2020 година, откако попладнево во Кожани загуби од Грција со 28:26 (12:13).

Митревски добро го почна натпреварот, а двете наши крила Манасков и Поповски реализираа контра напади (1:2). Следеа два лесни гола на Талески и Лазаров за 1:4 во 7. минута. Домаќините брзо се консолидираа и преку Малиос и неговите два гола намалија на 4:6 во 12. минута.

Се разбрани Митревски, одбрани еден седмерец и два зицери ги сопре грчките налети. Цилимпарис на грчкиот гол возврати и во 20. минута со голот на Малиос, домаќинот израмни на 8:8. Капитенот Лазаров со две „бомби" и Митревски со одбранет седмерец пак го оддалечија нашиот тим од грчкиот. Сепак, нашиот најдобар ракометар доби удар во рамото, мораше да биде заменет со Велковски и во финишот Грците со нов на Малиос израмнија на 12:12. Сепак, со звукот на сирената Филип Талески ни обезбеди предност по првиот дел (12:13).

Вториот дел започна со атрактивен гол на Филип Лазаров по асистенцијата на Георгиевски. Харалампос Малиос единствен одржуваше егал натпревар, а Талески и Манасков ги валоризираа одбраните на Митревски за наше минимално водство. Натпреварот доби на жестина, следеа неколку обострани исклучувања и Грција израмни во 43. минута (19:19).

Поискусната македонска репрезентација се потпре на добрата одбрана, но пречестите грешки доведоа Грција со голот на Јоану првпат да поведе во 50. минута (23:22). Цирас од седмерец првпат донесе +2 за домашната селекција во 54. минута. Митревски одбрани зицер, но многу повеќе грешевме од противникот и Цирас погоди од контра за 26:24. Лазаров брзо намали на -1, но Цирас со гол од седум метри ги реши дилемите околу победникот. Грција сензационално го совлада нашиот национален тим со 28:26.

Најефикасен во нашите редови беше Кирил Лазаров со осум голови, еден помалку забележа Филип Талески. Позитивен натпревар одигра и Митревски кој собра 15 интревенции.

 

 

ФОТО: Екипа.мк

Share