skolo logo fb

logo-kmg

hummel Logo 160

LIVESCORE.in
OFF

Тешка победа за Нант во дуелот со Данкерк

DnAB91TXgAED0w0

Нант - Данкерк 20:19 (9:10)

Нант е подготвен за новата сезона на Лигата на шампионите. Во вториот натпревар од француското ракометно првенство, европскиот вицешампион потешко од предвиденото го победи тимот на Данкерк со 20:19. Клучен период во натпреварот беше среидната на второто полувреме кога Лазаров и соиграчите направија серија 4:0 и стигнаа до значаен триумф.

Данкерк уште од стартот му покажа на фаворитот дека така лесно нема да се откаже од бодовите. Гостите во првиот дел дојдоа до разлика од три гола, но Нант возврати преку Турна и Белегер за 9:10 на полувреме. Тајм-аутот на Тјери Анти во 46. минута донесе серија од 4:0 и од -1, Нант дојде до предност од 18:17. Данкерк имаше и шанса во последните секунди да го израмни резултатот, но одличниот на голот Арно Сиферт не дозволи гол за реми на гостите и ја обезбеди победата на својот тим.

Валеро Ривера со седум гола беше најефкасен во победничкиот тим, Турно постигна пет погодоци, а нашиот Лазаров натпреварот го заврши со два гола. Кај поразениот Данкерк, Билан реализираше шестпати.

За време на викендот Нант дебитира во Лигата на шампионите во дуел со германскиот шампион Флензбург.