hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант го победи Вардар за крај на турнирот во Стразбур

nant - vardar

Ракометарите на Нант го освоија петтото место на турнирот во Стразбур на кој учествуваат најдобрите екипи од континентот. Во третиот натпревар во четири дена, европскиот вицешампион го победи Вардар со 29-27. Екипата на Тјери Анти со одлично второ полувреме го прекрши егалот кој го одбележа првиот дел.

Иако Вардар се врати до 26-26, францускиот тим имаше повеќе сили и енергија и славеше со два гола разлика. Кај Вардар, голманот Милосављев одбрани девет топки, а Горбок и Кристопанс постигнаа по пет гола. Кај Нант цел екипа функционираше добро и стигна до очекувана колективна победа.

Претхoдно екипата на нашиот Кирил Лазаров загуби од Монпелје и Веспрем на турнирот во Стрзбур.

Share