Кирил Лазаров и Нант ја отворија сезоната со пријателски меч во Лисабон, во кој ја совладаа домашната Бенфика со 29-31.
Португалците беа рамноправни во првaта половина од првиот дел, но ненадејно попуштија и Нант полувремето го доби со 17-13. Во вториот дел успеа да ја сочува предноста и да ја почне сезоната со успех.
Ова е втора сезона за Лазаров во Нант, а во првата, стигне до финале во Лигата на шампионите, а беше и најдобриот стрелец во постоењето на Ф4-турнирот во Келн.