hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Ни недостигаше искуство, за 80% од соиграчите ова е прва сезона во ЛШ

kire vo keln 2

Нант испиша историја и се најде на само неколку минути од европската титула. Сепак, поголемото искуство и подолгата клупа на Монпелје дојде до израз и во последните пет минути го доби натпреварот.

По дуелот во „Ланксес Арена" во Келн, Лазаров го анализираше финалето.

„Бевме во игра цел натпревар, но ни недостигаше малку искуство. За 70-80% од моите соиграчи ова е прва година во која воопшто играат Лига на шампиони. Секое искуство се плаќа и ако ова го прифатат така ќе биде добро за нас. Клубот допрва треба да расте, можеби и не е така добро уште во првиот обид да го освои пехарот, затоа што ќе помислат дека секоја година треба да го освојува. А има клубови како Барселона, Киелце, Веспрем, Флензбург, кои не можеа да дојдат до Ф4", рече Македонедот.

По третпат во кариерата Кирил Лазаров ја освои вицешампионската титула, а зад себе остави одличен завршен турнир во кој на двата натпревари беше најдобар стрелец на својата екипа.

Share