hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Ние дојдовме растеретени, ПСЖ е тука по титулата

kire f4-2

Кирил Лазаров е чест гостин во „Радисон Блу" во Келн, каде што се сместени сите четири екипи учесници на Ф4 турнирот на Лигата на шампионите. По пристигнувањето македонскиот ас говореше за многубројните медиуми.

„Ние сме растеретени и максимално ќе влеземе на мечот против ПСЖ. Ќе се обидеме да направиме изненадување. ПСЖ дојде тука по титулата и мораме да бидеме на нивото на задачата ако сакаме да направиме изненадување и да стигнеме до финалето. Посакувам дуел со Вардар во финалето од Лигата на шампионите. Тоа би било навистина извонредно како за мене, така и за Вардар и за неговите навивачи", вели Лазаров.

Македонскиот репрезентативен капитен е чест гостин во Келн, каде брка рекорди и по бројот на настапи и по бројот на голови. Со Нант испиша историја, откако обезбеди прво учество за својот клуб на завршниот турнир, а шесто за себе со четири различни екипи.

Share