hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Блесна Лазаров, Нант со убедлив настап во Шамбери ќе патува во Келн

Dd0j8X8VMAEzEIh

Шамбери – Нант 25:29 (10:17)

Ракометарите на Нант го положија последниот тест пред завршниот турнир на Лигата на шампионите и скоро го осигураа третото место во домашниот шампионат. Во првиот натпревар од 25. коло на домашниот шампионат, Нант го совлада Шамбери на гостински терен со 25:29 (10:17). Ако вечерва Сант Рафаел загуби од лидерот Монпелје, Нант ќе го осигура третото место во францускиот шампионат.

Избраниците на Тјери Анти одлично го почнаа натпреварот и брзо поведоа со 4-5 голови предност. Се разигра нашиот Лазаров и го одведе Нант на полувреме со високи 10:17. Позитивните вибрации од првиот дел, „канаринците" ги пренесоа и во продолжението. Квентин ја преполови предноста на Нант на почетокот од вториот дел, но Турна, Лагард и Лазаров без треперење го приведоа натпреварот кон крај за финални.

Најефикасни во победничкиот тим на Нант беа Лазаров и Турна со по шест голa, а голманот Сирил Думулин собра 20 одбрани и носи големи заслуги за победата а својата екипа. Кај поразениот Шамбери се истакнаа Јоханес со пет и Квентин со четири погодоци.

Со оваа победа Нант има одлична клима пред завршниот турнир на Лигата на шампионите овој викенд. „Канаринците" в четврток патуваат во Келн на своето прво учество на Ф4 од најсилниот европски Куп. В сабота од 15.15 часот Лазаров и другарите ќе се сретнат со ПСЖ во првото полуфинале на Лигата на шампионите.

Share