hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант со шест разлика ќе тргне на реваншот во Скјерн

kire so skjern

Нант – Скјерн 33:27 (18:12)

Ракометарите на Нант направија голем исчекор кон пласман на својот прв завршен турнир на Лигата на шампионите, откако пред своите гледачи го совладаа данскиот шампион Скјерн со 33:27 и со оваа солидна залиха ќе патуваат на реваншот за една недела.

Првото и единствено водство на Скандинавците беше на стартот од натпреварот, но брзо возврати екипата на Тјери Анти и благодарение на Клајн дојде до водство. Двете екипи се менуваа во постигнувањето на голови, но од 12. минута францускиот победник на Купот „нагази" и направи чувствителна разлика од пет гола. Турна и Балагер погодуваа во серија, а се стабилизира и одбраната и на полувреме се замина со 18:12.

Вториот дел повторно беше периодичен и со брза транзиција стигна до високи десет разлика. Но, уште имаше енергија во таборот од Скјерн и со серија 6-1 финишот донесе нова драма. Нант стигна до победа од 33:27 и сигурно по развојот на настаните може да биде задоволен воочи реваншот. Сепак, поучени од осминафиналето против Веспрем не треба да го потценат данскиот шампион.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Балагер со осум и Лагард со седум, додека кај Скјерн се истакнаа Олсон со шест и Сондергард со пет гола. Нашиот Кирил Лазаров постигна три гола.

Share