hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Пораз во затворен меч за македонската селекција од Русија

prijatelska rusija

Македонија - Русија 27:32 (19:15)

Македонската ракометна репрезентација загуби од Русија со 27:32 (19:15) во пријателски натпревар во Скопје, откако селекцијата на Раул наметна високо темпо во првиот дел, но неочекувано падна во финишот на натпреварот.

Мечот се играше под затворени врати, а во нашиот тим отсуствуваа Кирил Лазаров и Стојанче Стоилов, со што шанса добија помладите ракометари.

Во македонската селекција најдобар стрелец беше Филип Талески кој заврши со десет гола, Манасков и Пешевски дадоа по пет гола, а во листата на стрелците се запишаа и Марковски и Кузмановски кои дадоа по два гола, како и Велковски, Крстевски и Поповски со по еден гол. Кај Русите, најефикасни беа Атман и Дибиров со по пет гола.

Со овој натпревар се затвораат подготовките на сениорите во рамки на ЕХФ неделата. Следниот собир на репрезентацијата е на почетокот на јуни 2018, во пресрет на бараж натпреварите за Светското Првенство 2019 против селекцијата на Романија.

Share