hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант е првиот полуфиналист во Купот на Франција

nant - nim kup

Нант - Ним 27:26 (11:14)

Ракометарите на Нант се првиот патник на Ф4 на Купот на Франција, чиј трофеј го бранат од минатата година. Во многу тежок дуел избраниците на Тјери Анти дури во последните десетина минути го скршија отпорот на жилавите гости. Дуелот го следеа 4.600 гледачи кои уживаа до драматичниот дуел во Нант.

Голманот Арно Сиферт во последната секунда од натпреварот го одбрани ударот за реми и го одведе својот тим меѓу четирите најдобри во Купот.

Најефикасни поединци во таборот на Нант беа Лагард и Гурбиндо со по шест гола, е Клер беше автор на четири гола. Кај Ним се истакна Џереми Сути со девет гола. Останатите четвртфиналисти ќе бидат познати утре, кога ќе се одржи и ждрепката за полуфиналето. Пред двомечот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Мешков Брест, екипата на нашиот Лазаров потврдува дека пролетва игра во одлична форма.

Share