hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант со нова победа во шампионатот, совладан Саран со девет разлика

saran - nant

Саран – Нант 30:39 (18:17)

Францускиот победник на Купот, Нант забележа нова победа во домашниот шампионат, откако го совлада тимот на Саран со 30:39 (18:17) во рамките на 15. коло на шампионатот. Македонскиот интернационалец Кирил Лазаров не настапи, бидејќи ја лекува повредата од Европското првенство во Хрватска.

Гостите подобро го започнаа натпреварот и до 25. минута постојано водеа, благодарение на головите на Гурбиндо и Клајн. Но, домашната екипа во своите редови го имаше расположениот Метју Дроин, кој постигна девет гола во првиот дел, и Саран на одмор замина со минимална предност по првото и единствено водство во првото полувреме (18:17).

Домашниот голман Алексис Поире со серија на одбрани ја направи разликата од финишот на првиот и почетокот на вториот дел, за разлика од гостинските голмани, кои беа под очекувањата. Сепак, цврстата одбрана и головите на Балагер од контра напади го вратија гостинскиот тим во водство во 40. минута.

saran - nant 2

Нант ја одржуваше предноста од 2-3 гола и кога противникот ќе се доближеше, реагираше до уште поубедлива предност. Така Белегер со 12. гол и Емоне погодија за 28:33 и крај на сите надежи на домашниот Саран. На крајот Нант се радуваше на победа од 30:39 покажувајќи ја јасната разлика во квалитет.

Најефикасни поединeц во тимот на Нант беа Белегер со 14, а кај домашниот Саран се истакна Дроин со десет гола. В недела од 17.00 часот Нант пред своите гледачи ќе го пречека тимот на Вардар во 13. коло на групата А на Лигата на шампионите.

Share