hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Прелесна победа на Нант, Данкерк недостоен ривал за Куп-победникот

27993489 1663212383725898 5032089801795191913 o

Нант – Данкерк 31:15 (17:8)

Ракометарите на Нант ја забележаа третата победа по ред во вториот дел на сезоната, откако во првиот натпревар од вториот дел на францускиот шампионат ја декласираа екипата на Данкерк со 31:15 (17:8). Кирил Лазаров не настапи заради повредата, чие што лечење влегува во завршна фаза. Пред дуелот со ППД Загреб во Лигата на шампионите, момците на Тјери Анти не се ни испотија и забележаа една од најубедливите победи во францускиот шампионат сезонава.

Од првата до последната минута Нант доминираше, брзо се одлепи на +5, па +8, за на полувреме да замине со високи 17:8. Иако Анти ги ротираше ракометарите, сепак нивото не падна во второто полувреме и Нант дојде до лесни бодови..

Најефикасни поединци во победничкиот тим беа Белегер со седум, Еспен Ли Хансен со пет и Турне со четири гола, а кај поразениот Данкерк се истакна Лангаро со шест гола. Одличен на голот на Нант беше Думулин со 17 интервенции.

Нант со оваа победа дојде до 19 бода и се искачи на петтото место, веднаш зад Сант Рафаел и Ним.

Share